Работна средба на Советодавна група на граѓани, за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот

Со цел решавање на идентификувани проблеми и прашања за зајакнување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, во организација на МВР-СВР од Струмица, со поддршка на Локалниот совет за превенција од општина Струмица, се одржа работна средба на Советодавна група на граѓани.2 (7) Иницијативата за оваа работна средба е произлезена од едукативните предавања реализирани во средните општински училишта, преку изразениот интерес за поголема безбедност на учениците во организираниот училишен превоз. На работната средба присуствуваа претставници од општина Струмица, општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, испитниот центар за возачи, фирмата превозник, сообраќајни инженери и инспектори, како и претставници од средните општински училишта. Меѓу другите заклучоци, беа утврдени повеќе приоритети, со заложба општина Струмица да обезбеди техничка документација за автобуски стојалишта околу средните училишта, од страна на МВР да се врши зголемена контрола на местата кои се со поголема фреквенција во сообраќајот во периодот на започнување и завршување на наставата, како и повремени контроли од сообраќајните инспектори на превозните средства со кои се превезуваат учениците.

Comments are closed.

POP