Кривична пријава за струмичанец вработен во ЈП „Македонски шуми“

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  Ј.Г (51) од с.Добрејци, општина Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавениот го сторил кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот Законик  на Република Македонија.

304849-za-zimovo-vo-struga-ima-dovolni-kolichini-ogrevno-drvo-10046Имено, пријавениот вработен во ЈП „Македонски шуми“ – ПСШ „Беласица“ Струмица, како контролор-чувар на контролен пункт, на ден 02.04.2018 година додека бил на работното место, свесно пропуштил да помине трактор со тракторска приколка натоварена со 3.85 метри кубни дабови огревни дрва.

Тракторот бил  управуван од лице од  с. Двориште со кого добро се познавал од порано.

Ј.Г  ја злоупотребил службената положба  и овластување со пропуштање на тракторот без  да го запре и изврши контрола над истиот.  Ваквото пропуштање било забележано од страна на полициски службеници од СВР Струмица кои во тој момент постапувале по претходно изготвен оперативен план.

Пријавениот со таквото неизвршување на својата службена должност му овозможил на лицето да се стекне со противправна имотна корист која се состои од превоз и продажба на огревни дрва без да поседува соодветна документација со што на ЈП „Македонски Шуми“ била причинета материјална штета во висина од 26.950 денари .

Comments are closed.

Capture