Влатко Стефановски ќе одржи школа за гитара во Струмица

Од 13 до 15 август во Струмица ќе се одржи уште едно издание на забавната Летна школа за гитара. Петтото издание на школата во рамките на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал годинава ќе го има најсилното издание! POST-15 august

Летната школа за гитара ќе трае три дена и ќе се одржи на повеќе локации во Струмица. Секој учесник посетува бесплатна настава секој ден. Влатко Стефановски и м-р Васко Пиличев ќе бидат официјалните предавачи кои ќе ги споделат своите техники и вештини со младите гитаристи. Предавањата со виртуозот Влатко Стефановски ќе бидат на 14 и 15 август, а истата вечер на Езерцето ќе се одржи и завршниот концерт на кој ќе настапат сите успешни учесници на школата заедно со нивните предавачи. Досега, на претходните изданија на летната школа учествувале над 300 талентирани основци, средношколци и студенти.

Пријавувањето за бесплатната Летна школа за гитара е во тек и ќе трае до 1 август 2018 година. Повеќе информации за пријавувањето, предвидената програма и условите за учество може да се добијат на vaskopilicev@yahoo.com или на официјалната фејсбук страница на фестивалот.

Организаторот на СОФ – Културен забавен живот во наредниот период ќе ги најави и другите настани од манифестацијата која годинава се одржува под слоганот „слушај го срцето“.

Comments are closed.