Убедлива победа на Тиверија против ЖФК СЦ Истатов

Екипата на ЖФК Тиверија забележа убедлива и сигурна победа против ЖФК СЦ Истатов, со резултат од 0:8, во натпревар од 15. коло од првата женска фудбалска лига.

ZFK Tiverija - trening 03.03.2018

Фудбалерките на Тиверија беа неверојатно доминантни во текот на целиот натпревар. Веќе во првиот дел од натпреварот, Тиверија имаше предност од 0:5. Во вториот дел уште три гола постигнаа за конечни 0:8.

Стрелци за Тиверија беа Николовска со 3 гола, Стојковска и Велкова со по два погодоци и Дервиши со еден.

Тиверија е втора на табелата со 42 бода, и има три бода помалку од екипата на Драгон 2014 која е прва. ЖФК СЦ Истатов е петти со 24 бодови.

Во следното коло Тиверија е домаќин на ЖФК Атлетико.

Comments are closed.

POP