Во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино реализирана заедничка активност од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

Во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци, учениците од ООУ „Маршал Тито“ во село Муртино, реализираа програмска активност планирана за секцијата по физичко и здравствено образование. Активноста наречена „Фати ја топката“, опфати работа во парови, меѓусебна соработка, дружење и учење едни од други.30729449_1611056635614427_7062198640160276480_o

Тоа придонесе да се споделат нови искуства и да се навлезе во креативните спортски содржини, вежби и игри кои физички го активираат локомоторниот апарат и директно влијаат врз правилниот раст и развој на ученикот, ја подобруваат неговата физичка способност и здравјето и го потикнуваат на здравиот начин на живот. Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во спортските игри. Со поддршка на општина Струмица, како партнер на проектот, преку имплементација на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје и во соработка со Бирото за развој на образованието, овие програмски активности ќе се реализираат до крајот на оваа учебна година.30741466_1611056645614426_7890003631699656704_o

Comments are closed.

Capture