Академија Пандев ремизираше во Кратово против Силекс

Екипата на Академија Пандев повторно ремизираше (0:0), овој пат против Силекс во Кратово, во натпревар од 27. коло.

Пандевци се уште не може да запишат победа, во првата лига. Со вкупно 32 освоени бодови се петти на табелата, додека Силекс со 41 бод е трети на табелата.

daezon-885x500

Бодовната состојба на табелата од четвртото до седмото место е блиска. Работнички со 35 бодови е четврти, Пандевци со 32 се петти, Ренова со 31 бод е шеста, додека бод помалку има Шкупи кој е седми на табелата.

Во следното коло Академија Пандев токму против Шкупи на домашен терен ќе ги одмери силите, во натпревар каде бодовите се потребни за двете екипи.

Лидер на табелата е Шкендија која има 69 бода, додека Скопје кој реално се врати во живот, е последен со 24 бодови, и пропушти можност, при евентуално реми со Работнички да биде деветти на табелата.

Comments are closed.

Capture