Спартмани во тежок дуел со Детонит, може ли овој пат до победа ?

Екипата на Спартмани во недела, на градскиот стадион во Радовиш му гостува на лидерот на табелата Детониот Јуниор, во натпревар од 19. коло од Третата лига – Југоисток.

Detonit Junior - Spartmani - vo Radovish - 18.03.2018

Овој натпревар дефинитивно ќе го привлече најголемото внимание, откако на последниот натпревар одигран помеѓу овие две екипи, Спартмани успеа да извлече бод, играјќи нерешено.

Детонит ќе има една цел на овој натпревар, а тоа е победа, откако на домашен терен го доживеа првото реми, додека од друга страна, Спартмани ќе се обиде овој пат од Радовиш да се врати со победа и три бода.

Comments are closed.

Capture