Градоначалникот Јаневски одржа средба со амабасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска, одржа средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ. На средбата тие разговараа за актуелните состојби и планираните активности на општината и амбасадата. 30623811_1606011316118959_1559438071819141120_oПо заедничкиот заклучок дека Македонија и Босна и Херцеговина имаат одлична регионална соработка, посебен акцент во разговорот беше ставен на проширувањето на соработката на локално ниво. Амбасадорката Бабиќ му предложи на Јаневски, воспоставување соработка на општина Струмица со општината Котор Варош, најразвиена општина во Република Српска, а на која општина Струмица може многу да и помогне со сопственото искуство во искористувањето на средства од Европските фондови. Градоначалникот Јаневски ја прифати идејата, потенцирајќи дека општина Струмица секогаш е отворена за соработка и реализација на заеднички проекти во интерес на граѓаните од двете општини.30594558_1606011352785622_2661376356117381120_o
На средбата, амбасадорката Бабиќ го информираше градоначалникот Јаневски дека амбасадата на Босна и Херцеговина планира одржување на заедничка конференција меѓу градоначалниците од двете држави, а чија цел ќе биде размена на искуства и позитивни практики, како и формирање бизнис клуб кој ќе ги поттикне стопанските комори на уште поголема соработка.30629303_1606011266118964_1250063326856085504_o 30688721_1606011422785615_4211508827238957056_o

Comments are closed.

Capture