Беласица ја декласираше Плачковица

Беласица во саботата на „Младост“ го одигра натпреварот од 19. коло од Втората лига Исток, против екипата на радовишка Плачковица, каде со резултат од 3:0 струмичани ја заокружија својата 13. сезонска победа.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Беласица е првото место на табелата со 43 освоени бодови, и има 7 бода повеќе во однос на Брегалница која е втора, и 8 бода повеќе во однос на Борец од Велес кој е трети на табелата.

Плачковица по овој убедлив пораз останува на шесттото место на табелата со 23 бодови, и има само 5 бода повеќе во однос на Саса која е седма.

Во следното коло Беласица ќе има лесна задача против Саса, додека Плачковица ќе игра против Тиквеш.

 

Comments are closed.

Capture