Екипата на Спартмани во недела со дерби дуел против Напредок од Радово, во натпревар од 19. коло од Третата лига Југоисток.
Двете екипи на последните натпревари играа во одлична форма. Спартмани има на три натпревари забележа две убедливи победи, и реми во Радовиш против непобедливиот Детониот, додека Напредок исто така на последните неколку натпревари бележи сигурни и убедливи победи, освен на оној натпревар против Детониот, каде радовишани со резултат од 1:3 дојдоа до нова победа.
На табелата Напредок од Радово е трети со 34 бодови, и има само три бода помалку од Василево кој е втор, додека Спартмани е петти со 20 бодови, и има пет бода негатива во однос на Тиверија која е четврта.
Comments are closed.