Се одржа Велигденски хуманитарен хепенинг во ООУ „Гоце Делчев“ во Вељуса

Најголемиот христијански празник Велигден се слави секогаш со радост и насмевка. Тоа се моменти кога секој од нас посакува да се направи нешто добро, да посака некому здравје, среќа и благосостојба. Токму во духот на велигденските празници, стручната служба, наставниците, учениците и родителите при ООУ „Гоце Делчев“ од село Вељуса, организираа Велигденски хуманитарен хепенинг. Во училиштето беше спроведена акција на продажба на мошне креативни рачно изработени велигденски украси и вешто подготвена храна. Собраните средства од продажбата ќе бидат донирани во граѓанското здружение за помош на деца со Даунов сидром „Вера“.2222222 11111111 333333333 444444444

Comments are closed.

Capture