Василево со победа против Дојранско Езеро

Екипата на Василево запиша нова победа, откако со 2:1 го победи Дојранско Езеро во натпревар од 18. коло од Третата лига – Југоисток.

FK Vasilevo 3

За Василево ова е 12-та сезонска победа и со вкупно 37 освоени бодови е на втората позиција, додека Дојранско Езеро е шестопласирана екипа со вкупно 17 освоени бодови.

Во следното коло Василево гостува кај Младост Удово.

Comments are closed.