Академија Пандев пропушти победа против Работнички, повторно со реми

Екипата на Академија Пандев никако да дојде до победа, на вчерашниот натпревар со Работники, во рамките на 25. коло од Првата лига, ремизираше на гостински терен, играјќи 1:1.

ФОТО: Академија Пандев

ФОТО: Академија Пандев

Пандевци први дојдоа во водство во 36. минута преку Атанаскоски. Во вториот дел, гостите со голот на Шаркоски во 70. минута резултат го израмнија на 1:1.

Академија Пандев на домашен терен ќе има тешка задача против актуелниот шампион на Македонија, екипата на Вардар, додека Работнички ќе игра дерби против Силекс, во борбата за третата позиција.

Академијата со 30 бода е четврта, додека Работнички има бод помалку и е петти на табелата. Овие две екипи водат тешка борба за третата позиција, каде третопласиран е кратовски Силекс со 39 бода. Третото место води кон Европа.

Лидер на табелата е Шкендија, додека последнопласиран е Скопје, кој на последните пет натпревари игра во неверојатна форма. На последните пет одиграни натпревари оваа екипа има три ремиа и две победи, и има 21 освен бод, со што се враќа во реална можност да избори опстанок во Првата лига.

Comments are closed.

Capture