Беласица со убедлива и сигурна победа против Кожув

Фудбалерите на Беласица ја заокружија својата 12-та сезонска победа, откако вчера со резултат од 3:0 на „Младост“ во Струмица ја победија екипата на Кожув од Гевгелија, во натпревар од 17. коло од Втората лига – Исток.

Belasica - Kozuv Gevgelija - vo Strumica 31.03.2018

Беласица со оваа победа е лидер на табелата со 40 бодови, а бодовната разлика се зголеми на седум бодови, откако Брегалница во Кочани одигра 2:2 со Осогово.

Беласица е се поблиску до својата цел, а тоа е Првата лига. Во следното коло на домашен терен силите ќе ги одмера со Тиквеш од Кавадарци.

 

Comments are closed.

Capture