Тешко гостување за Тиверија во Радовиш против Детонит

Многу тешка задача на гостувањето во Радовиш ќе имаат фудбалерите на Тиверија, против силниот Детонит.

Tiverija - Dojransko Ezero - vo Strumica 18.03.2018

Екипата на Детонит е непобедлива во досегашниот дел од сезоната, а Спартмани со 1:1 успеа да им ја запре победничката низа на радовишани, и да се врати дома со значаен бод од гостувањето во Радовиш. Дали во недела ќе може и Тиверија да се врати со реми или победа и нови бодови од Радовиш ?

Тиверија влезе многу подготвено во пролетниот дел и на двата последни натпревари приреди вистинско фудбалско шоу. Со 5:0 го победи Дојранско Езеро, а со 8:1 Младост од Удово, двата натпревари одиграни на домашен терен.

Детониот во минатото коло славеше со 1:3 над Напредок од Радово, а претходно ремизираше играјќи 1:1 дома со Спартмани.

Тиверија има реални шанси за третото место на табелата, додека Детониот е сигурен патник за Втората лига – Исток.

Во недела во Радовиш со сигурно ќе гледаме вистинско дерби.

Comments are closed.

Capture