Беласица против Кожув на „Младост“

Фудбалерите на Беласица во сабота на „Младост“ силите ќе ги одмерат против екипата на Кожув, од Гевгелија во натпревар од 18. коло од Втората лига – Исток.

Belasica - Sasa - 24.01.2018 - kontrolen natprevar - 2

Беласица во овој натпревар влегува како фаворит за победа, и за нови три бода, поради подобрата екипа, искуството, како и тоа што игра на домашен терен и пред својата публика.

Беласица е првата на табелата со 37 бодови, и има пет бода повеќе од Бреланица која е втора, и Борец кој е трет.

Кожув ќе има тешка задача во Струмица, во борбата за нови бодови. Клубот од Гевгелија е четвртопласиран со 27 бодови, и има само бод повеќе од Тиквеш кој е петти на табелата.

 

Comments are closed.

Capture