Екипата на Академија Пандев во пролетниот дел од сезоната се уште нема забележано победа. На последните пет натпревари, Академијата бележи скор од 4 ремиа и еден пораз, но и покрај ваквите резултати, се врати повторно на четвртата позиција и на негатива од 7 бода зад третата позиција, која води кон Европа.
Работнички е шестопласиран на табелата со 28 освоени бодови, и му се потребни бодови во борбата за третото место, исто како што и на Академија Пандев. Борбата ќе биде тешка и за двете екипи.
На последните пет натпревари, Работнички има скор од три порази, едно реми и една победа.
Минатата година, во рамките на првата лига, овие две екипи имаат одиграно два натпревари. Првиот завршил токму со победа на Академија Пандев од 1:2 во Скопје, додека вториот во Струмица завршил, без победник, 1:1.
Работнички ќе биде благ фаворит за победа, пред се поради тоа што игра на домашен терен и пред своја публика, но сепак останува да видиме дали таквата улога домаќините ќе ја оправдат во недела.
Comments are closed.