Струмичанец обвинет за затајување на данок

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.Т. (28) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување’’. Во текот на 2016 година пријавениот преку продажба на услуги преку социјалната мрежа Facebook остварил приход од 1.415.592 денари, кои ги примил преку брз трансфер на пари, но не ги навел во годишната пријава во Управата за јавни приходи на Република Македонија. На тој начин К.Т. извршил затајување на данок во висина од 141.559 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Република Македонија.policiska-lenta-trebenista-zivotzagubi-01

Comments are closed.

Capture