Екипата на Напредок од Радово во неделата го одигра натпреварот од 17. коло од Третата лига – Југоисток, против екипата на Детонит Јуниор од Радовиш.
Радовишани со резултат од 1:3 ја заокружија својата 14 бода, со што на табелата се први со 43 бода, и имаат 10 бода повеќе во однос на Василево кој е втор.
Со оваа победа, Детонит е сигурен патник во Втората лига – Исток.
Напредок иако поразен, сепак останува на третата позиција со 31 бод.
Во следното коло Детонит Јуниор е домаќин во Радовиш на Тиверија, додека Напредок од Радово ќе гостува кај Академија Кукла.
Comments are closed.