КК Струмица со убедлив пораз од Гостивар

Кошаркарите на Струмица со убедлив пораз се вратија од гостувањето во Гостивар, каде со резултат од 94:49 загубија во натпревар од 21. коло од Супер лигата.

Струмичани имаат веќе пет последователни порази, и се на дното од табелата со 23 освоени бодови.

kosarka

Во следното коло КК Струмица е домаќин на лидерот на табелата Работнички, каде гостите се апсолутни фаворити во секое поле.

Состојбата на табелата е следна: Работнички со 42 бода е прв на табелата, со 4 бода помалку е второпласираната Блокотехна, додека екипата на МЗТ со 36 бода е трета.

На долниот дел од табелата, Струмица со 23 бода е последна, три бода повеќе има 11-то и 10-то пласираните Карпош и Шкупи.

 

Comments are closed.

Capture