Напредок Радово на домашен терен против Детонит Јуниор

Екипата на Напредок од Радово во недела на домашен терен ќе ги одмери силите со лидерот на табелата радовишки Детонит, во натпревар од 17. коло од Третата лига – Југоисток.

Detonit Junior - Spartmani - vo Radovish - 18.03.2018

Гостите од Радовиш се фаворити за победа, подари подобриот тим, подобрата игра, но дали оваа фаворитска улога ќе биде оправдана, со оглед на тоа што Детонит во минатото коло, во Радовиш киксна со Спартмани, играјќи 1:1, со што застана победничката серија.

Напредок од Радово е трет на табелата со 31 освоен бод, и има помалку 3 бода од второпласираниот Василево. Радовишани се први на табелата со 40 освоени бодови.

Comments are closed.

POP