КК Струмица на гостински терен против Гостивар

Кошаркарите на Струмица во недела ќе гостуваат во Гостивар, каде силите ќе ги одмерат против кошаркарите на Гостивар, во натпревар од 21. коло од Супер лигата.

kosarka

Домаќините се пласирани на петтото место на табелата со 33 бода, и се во реална борба за третото место. Поради добрата игра, и тоа што ќе играат на домашен терен и пред своја публика, Гостивар е фаворит за победа.

Струмичани се последни на табелата со 22 освоени бодови, и пет последователни порази.

Comments are closed.

Capture