Дерби натпревар помеѓу Спартмани и Академија Кукла

Во недела во рамките на 17. коло од Третата лига – Југоисток, ќе се одигра дерби натпревар помеѓу екипите на Спартмани и Академија Кукла.

FK Vasilevo 4

Екипата од Градско Балдовци која е домаќин на овој натпревар е благ фаворит, поради тоа што игра на домашен терен и пред својата публика, но сепак останува да видеме дали ќе ја оправда таквата фаворитска улога.

Спартмани во минатото коло извлекоа значаен бод на гостувањето во Радовиш, против силниот Детонит, со што победничката серија за радовишани запре.

Домаќините се пети на табелата со 17 бода, и се во борба за четвртото место, додека Академија Кукла е шеста со бод помалку, но и во игра исто така за четвртото место.

Comments are closed.

Capture