Во ООУ „Сандо Масев“ одбележани Светскиот ден на водата, Денот на пролетта и Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Под мотото „Вода, Сонце, Љубов“ во основното општинско училиште „Сандо Масев“ беа реализирани повеќе активности со кои беа одбележани Светскиот ден на водата, Денот на пролетта и Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Се одржа работилница во која најмалите цртаа на теми кои што ги асоцираа на вода, а кои потоа беа изложени во ходникот на училиштето, а со засадување цвеќе, учениците покажаа како треба да се обновува, негува и одржува природата пред влезот и во ходникот на училиштето.

3 (8)По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, ученици од четврто одделение заедно со ученици од ликовната секција под менторство на наставникот Љубомир Арнаудов, сликаа елементи со кои покажаа дека сите се дел од еден мозаик наречено општество и дека  како надвор така и внатре  љубовта е таа што сплотува и која треба меѓусебно да си ја подаруваме и шириме за полесно сите да  егзистираме.             4 (5) 5 (1) 7 (1)

Comments are closed.

Capture