Беласица на „Младост“ го пречекува Кожув од Гевгелија

Екипата на Беласица во сабота со почеток од 14:00 часот на домашен терен силите ќе ги одмери со Кожув од Гевгелија, во натпревар од 18. коло од Втората лига – Исток.

Belasica - Sasa - 24.01.2018 - kontrolen natprevar

Беласица влегува како фаворит за победа, пред се поради тоа што има екипа која е далеку поквалитетна и поискусна, но и поради тоа што игра на домашен терен. Но од друга страна, единствениот сезонски пораз кој што го има Беласица е токму од Кожув, со резултат од 2:1 во Гевгелија.

Беласица е лидер на табелата со 37 освоени бодови, и полека чекори во Првата лига, додека Кожув е четврти на табелата, но потребни му се бодови, бидејќи бодовната разлика со Тиквеш е само еден бод.

Натпреварот се игра со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.

Capture