Спартмани го запре Детонит во Радовиш, прво сезонско реми за радовишани

Екипата на Спартмани која имаше тешко гостување, сепак наметна игра и извлече бод од гостувањето во Радовиш, против лидерот на табелата Детонит Јуниор, кој немаше забележано ниту пораз, ниту реми, во досегашниот тек од лигата.

Detonit Junior - Spartmani - vo Radovish - 18.03.2018

Натпреварот кој се одигра на градскиот стадион во Радовиш, заврши со резултат од 1:1.

Сепак Детонит и понатаму е лидер на табелата со 40 освоени бодови и е сигурен патник во Втората лига, додека Спартмани со 17 освоени бодови, е петтопласиран на табелата.

Во следното коло радовишани гостуваат во Радово кај Напредок, додека Спартмани се домаќини на Академија Кукла.

 

Comments are closed.

Capture