КК Струмица загуби на гостувањето кај Шкупи

Кошаркарите со пораз се вратија од гостувањето кај Шкупи во натпревар од 19. коло од Супер лигата, со резултат од 109:67.

kosarka

Струмичани го запишаа 17-тиот сезонски пораз во лигата, со што остануваат последни на табелата со 21 освоен бод. Шкупи со својата четврта сезонска победа останува исто така на 11-тото место но со 23 бода.

Во следното коло кое се игра на 21 март, КК Струмица е домаќин на второпласираната Блокотехна, каде гостите се апсолутни фаворити за победа.

 

Comments are closed.

Capture