Беласица ремизираше против Брегалница во Штип

Екипата на Беласица со реми се врати од гостувањето кај Брегалница во Штип, во натпревар од 17. коло од Втората лига – Исток.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Струмичкиот клуб останува на врвот на табелата со 37 освоени бодови, додека Брегалница е втора со 32 исто колку што има и Борец, но штипјани имаат натпревар помалку одиграно.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против Кожув од Гевгелија, додека Брегалница ќе гостува во Кочани кај Осогово.

На долниот дел од табелата, Победа од Валандово е деветта со 10 бода, Осогово е осми со 11 бода, додека Саса е седма со 15 бода.

 

Comments are closed.

Capture