Академија Пандев со ново реми овој пат со Пелистер на домашен терен

Екипата на Академија Пандев повторно ремизираше, овој пат против битолски Пелистер, играјќи 1:1 во натпревар од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пандевци со трите врзани ремија, и пораз на Шкупи од Скопје, се вратија повторно на четвртата позиција и се во игра повторно за третото место, кое нуди можност за излез во Европа.

ak-pandev1

Во следното коло Академија Пандев има тешко гостување кај Работнички, а бодовите и на двете екипи им се потребни во борбата за третото место.

Лидер на табелата е Шкендија со 62 бода, додека Скопје кои и понатаму е последен на табелата се враќа во живот за опстанок во Првата лига.

Comments are closed.

Capture