Градоначалникот Јаневски во работна посета на ООУ „Видое Подгорец“

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници од одделението за образование на општина Струмица, денеска, го посетија основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и остварија работна средба со директорот на училиштето, Леонид Манчев.29468830_1582496318470459_7840267227512176640_n Во рамките на посетата беа разгледани условите за работа, а се разговараше и за подобрување на инфраструктурата на спортските игралишта, училишниот двор, санитарните јазли, спортската сала и училниците. Градоначалникот Јаневски беше запознат и со основните податоци од дејноста на училиштето, преку бројната состојба на учениците која изнесува 993, од кои 504 се момчиња, а 489 девојчиња, а во воспитно – образовниот процес се вклучени 76 вработени.29386699_1582496315137126_6261459746541273088_n

По основното општинско училиште „Видое Подгорец“, градоначалникот Јаневски ќе ги посети сите воспитно – образовни установи во општина Струмица, а целта е остварување на програмските заложби на Градоначалникот и Советот на општина Струмица за унапредување на воспитно – образовниот процес преку подобрување на условите за работа.29356746_1582496491803775_2828550330252263424_n 29366212_1582496431803781_7680726436759470080_n

Comments are closed.

Capture