Тиверија гостува кај Дојранско Езеро

Тиверија во недела гостува во Дојран, кај екипата на Дојранско Езеро, во натпревар од 16. коло од Третата лига – Југоисток.

FK_Tiverija.svg

Натпреварот ќе биде неизвесен пред се поради лошиот стар на Тиверија, кој се покажа на дуелот против Василево, а и поради тоа што Дојранско Езеро ќе игра на домашен терен пред своја публика.

Тиверија е на четвртото место на табелата со 19 бода, додека Дојранско Езеро е седми со 14 освоени бодови.

Натпреварот ќе се одигра со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.

Capture