Беласица на дерби дуел во Штип против Брегалница

Екипата на Беласица утре патува во Штип, каде во натпревар од 17. коло од Втората лига – Исток, силите ќе ги одмери против Брегалница.

Натпреварот е од големо значење и за двете екипи, во борбата за влез во Првата лига.

Belasica - Lokomotiva Skopje - kontrolen - 14.02.2018 -2

Беласица во минатото коло со 2:0 го доби големото дерби против Борец на домашен терен и така остана прва на табелата, додека Брегалница со 0:1 ја доби Плачковица и се врати на второто место на табелата.

Во случај на победа на Беласица, а победа на Борец против Осогово, тогаш велешани ќе се вратат на втората позиција на табелата.

Натпреварот се игра со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.

Capture