Згответе со љубов! Вкусна струмичка млечна кифла

. Покрај тоа што ќе ви го привлечат погледот, откако еднаш ќе пробате млечни кифлички, постојано ќе си наоѓате повод по кој ќе ги правите. Еве ја рецептата:

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Потребни состојки:

- 1 кг.  бело брашно

- 500 мл. млеко

- 40 г. квасец

- 200 мл. масло за јадење

- 100 г. шеќер

- 1 мало лажиче сол

Начин на подготовка:

Состојките се стават во сад и се замесуваат  убаво се додека не се добие изедначено меко тесто. Добиеното тесто се покрива и се остава да стаса околу 20 минути. Од тестото се одделуваат топчиња од кои се развива мала кора која се ролува во кифличка. Кифлите се редат на веќе подмачкан плех и покриени се оставаат на топло околу 20 минути. Стасаните кифли се печат на температура од 220 до 250 степени во зависност од печката.

Добар апетит!

Lalakifli1

 

 

 

 

 

 

Comments are closed.

Capture