ЖФК Тиверија со убедлива победа над ЖФК Кочани

Фудбалерките на Тиверија на гостувањето во Кочани забележаа сигурна победа од 0:5 против екипата на ЖФК Кочани.

За Тиверија оваа е 11 сезонска победа и со вкупно 33 бодови е второпласираната на табелата. ЖФК Кочани по поразот од струмичката екипа, сега е пласиран на деветтото место на табелата со 10 освоени бодови.

Стрелци на головите за ЖФК Тиверија беа: Николовска и Стојковска со по два гола и Димоска со еден погодок.

ФОТО: ЖФК Тиверија

ФОТО: ЖФК Тиверија

Екипата на Драгон 2014 и понатаму е прва на табелата со 3 бода повеќе од Тиверија која е втора.

Во следното коло ЖФК Тиверија на домашен терен силите ќе ги одмери против екипата на ЖФК АС Јунајтед, екипа која е петтопласирана на табелата со 20 освоени бодови. ЖФК Кочани гостува кај екипата на Истатов.

Драгон 2014 ќе има лесно гостување кај екипата на ЖФК Речица.

 

Comments are closed.

POP