Академија Пандев денес против Пелистер во полуфиналето од Купот на Македонија

Денес со почеток од 14:00 часот ќе се одигра првиот натпревар од полуфиналниот двомеч од Купот на Македонија помеѓу екипите на Пелистер и Академија Пандев.

FK Akademija Pandev - FK Vardar - 26.11.2017

Актуелниот бранител на титулата битолски Пелистер е благ фаворит на денешната пресметка, пред се поради тоа што се игра на домашен терен и пред своја публика, но сепак тоа останува на хартија, а како ќе се одигра на зелениот подиум останува да видеме.

Академија Пандев имаше лош старт во пролетниот дел од лигата. На последните 5 натпревари струмичани имаат три ремиа и два порази, од друга страна битолчани имаат два порази, две ремиа и една победа.

Натпреварот се игра на стадинот „Тумбе Кафе“ во Битола. Реваншот е закажан за 11. април.

 

Comments are closed.