На четвртата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион донесени се повеќе значајни одлуки

Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа четвртата редовна седница во просториите на Советот на општина Валандово.
На оваа седница се разговараше за повеќе теми од интерес на регионот и се донесоа неколку значајни одлуки. Градоначалниците ги усвоија годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година, годишниот извештај за спроведување на Програмата за рaзвој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 за 2017 година како и Акциониот план за 2018 година за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019. 29136940_1576224259097665_6639657884974055424_n
На оваа седница исто така се донесе и Одлуката за учество на Повик за пристап до Грантовата шема по проектот „Oдржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, кофинансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација. Согласно оваа одлука во наредниот период Центарот, со поддршка на претставници на општините и други заинтересирани страни од регионот ќе преземаат низа активности за подготовка на предлог проекти и нивно аплицирање до оваа Грантова шема.29134077_1576224249097666_2848371045977554944_o
На четвртата седница се усвои и Одлуката за взаемна активност на општините за третирање против возрасни комарци и ларви во 2018 година на територијата на општините од Југоисточниот плански регион. Значајно во оваа одлука е тоа што оваа година општините од регионот за прв пат ќе прскаат и против ларви, покрај авионското третирање против возрасни комарци со што се очекува многу подобри резултати и ефекти од оваа постапка.

Comments are closed.