Тиверија дома декласирана од Василево

Тиверија на домашен терен беше декласирана од екипата на Василево со резултат од 0:4, во натпревар од 15. коло од Третата лига – Југоисток.

FK Vasilevo 3

Василево ја покажа својата доминација во оваа големо дерби, откако во претходното коло на домашен терен ремизираше, играјќи 1:1 со екипата на Напредок од Радово.

Василево ја задржува својата втора позиција на табелата со 31 бод, Тиверија е четврта со 19 бода, и ги загуби шансите за третото место на табелата.

Во следото коло Василево е домаќин на Партизан Баш, додека Тиверија гостува во Дојран кај екипата на Дојранско Езеро.

Comments are closed.

Capture