Прегазен маж во Куклиш – возачот побегнал

На регионалниот пат Струмица-Банско, на излезот од селото Куклиш синоќа во 21 часот и 20 минути од засега непознато возило е прегазен маж.

wpid-полиција-41-.jpgПо несреќата возачот веднаш побегнал, а прегазениот маж починал на местото на несреќата.

Жители на селото Куклиш потврдуваат дека нивниот соселанец Г.С. (61) починал веднаш од здобиените повреди, а телото било однесено на обдукција во Скопје.

Од струмичката полиција ја потврдија несреќата, а со повеќе детали ќе излезат во текот на денот. -  пишува скопје24.мк

Comments are closed.

Capture