Напредок Радово со убедлива победа над Дојранско Езеро

Напредок од Радово забележа убедлива победа на вчерашниот натпревар од 15. коло од Третата лига – Југоисток над екипата на Дојранско Езеро со резултат од 5:0.

Napredok Radovo

Со оваа висока и убедлива победа, Напредок останува во игра за второто место на табелата, додека Дојранско Езеро кој беше буквално декласиран, останвуа на седмата позиција, и можност со победа во следното коло да се искачи до петтото место на табелата.

Во следното коло Дојранско Езеро е домаќин на Тиверија, додека Напредок Радово ќе гостува кај Младост од Удово.

Comments are closed.

Capture