Градоначалникот Јаневски им го честиташе освоеното прво место на одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска организираше прием за членовите на одбојкарскиот тим на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ кој го освои првото место на државното првенство во одбојка за основните училишта во женска конкуренција. Градоначалникот и младите одбојкарки разговараа за првенството, за нивната игра и постигнатиот успех. Честитајќи им ја победата, градоначалникот Јаневски потенцираше дека тој и општина Струмица секогаш ќе го поддржуваат и поттикнуваат училишниот спорт и ќе бидат пријатели на младите спортисти.29101134_1575025885884169_3707115946830200832_n 29104028_1575025889217502_1590972705253883904_n 29104298_1575025912550833_3183037551971663872_n

Comments are closed.