Академија Кукла декласирана на домашен терен од Детонит Јуниор

Радовишани уште една ја потврдија својата доминација во Третата лига – Југоисток, откако со 1:4 Детонит Јуниор ја победи Академија Кукла на гостински терен.

FK Detonit Junior - FK Vasilevo - 26.11.2017

Академија Кукла пред својата публика го забележа својот осми пораз. По овој пораз екипата од Куклиш е шесттопласирана со 16 бодови, и реално е во игра за четврттото место на табелата.

Детонит Јуниор кој е сигурен шампион во Третата лига – Југоисток е пласиран првото место на табелата со 39 бодови.

Во следното коло Детонит Јуниор е домаќин на Спартмани, во натпревар каде радовишани се апсолутни фаворити за победа.

Comments are closed.

Capture