Преглед на колото: Беласица го доби дербито со Борец и е лидер на табелата

Вчера се одигра 16. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Дерби натпреварот на коло беше помеѓу екипите на Беласица и Борец. Дербито се одигра на „Младост“ во Струмица, а Беласица со 2:0 ги победи велешани и запиша три нови бодови, кој се значајни за нив, кон остварувањето на единствена цел, Прва лига.

Беласица уште еднаш ја потврдија својата доминација на зелениот подиум, а истата ќе треба да ја потврди повторно веќе во сленото коло, кога во Штип ќе игра против Брегалница. Овој натпревар ќе биде доста интересен за да се проследи. Во случај на победа на Беласица, нивната бодовна разлика ќе се зголеми, и пополека ќе бидат сигурно за Првата лига, додека Борец игра во Кочани против Осогово, каде е фаворит за победа, па така Борец ќе се врати на втората позиција која преку бараж води во Првата лига, додека Брегалница ќе биде трета. Но, оваа е само на хартија, останува на видиме на терен што ќе се случи.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Брегалница во Радовиш со минимални 0:1 ја победи Плачковица, и со новите три бода се врати на втората позиција на табелата.

Кожув од Гевгелија на гостувањето во Кавадарци кај екипата на Тиквеш забежела пораз од 2:1, со што сега Кожув пропушти три значајни бода во борбата за третото место на табелата, а исто така шанси за второто место ги загуби со овој пораз.

Осогово на домашен терен покажа одлична доминација во текот на целиот натпревар. Со високи 4:0 ја забележа својата трета сезонска победа против екипата на Победа од Валандово. Клубот од Кочани со оваа победа се искачи на осмото место на табелата, и останува во игра за седмото место.

Лидер на табелата е Беласица со 36 освоени бодови, Брегалница со 31 бод е втора, додека Борец од Велес е на третото место со вкупно 29 освоени бодови.

На дното од табелата, имаме тесна разлика. Победа Валандово е деветта со 10 бода, место погоре е Осогово со бод повеќе, додека Саса со 15 бода е на седмото место.

Comments are closed.

Capture