ЖФК Тиверија против Топ Гол во 1/4 финалето од Купот

Извршена е ждрепката за 1/4 финалните натпревари од Куп натпреварувањата, ЖФК Тиверија гостува во Битола кај екипата на Топ Гол.

ФОТО: ЖФК Тиверија

ФОТО: ЖФК Тиверија

Она што е интересно е тоа што овие две екипи силите ќе ги одмерат три дена подоцна и во рамките на 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Интересен дуел, во кој на хартија благ фаворит поради подобрата игра е ЖФК Тиверија.

Во рамките на лигата, екипата на ЖФК Топ Гол е пласирана на седмото место на табелата со 13 освоени бодови, додека ЖФК Тиверија е втора со 30 освоени бодови.

Натпреварите се игра во среда, на 28 март, а следните двојки се:

Борец Велес – Њу Јорк Скопје
Кочани – Драгон Скопје
СЦ Истатов Дојран – АС Унитед Струга
Топ Гол Битола – Тиверија Струмица

Comments are closed.