Беласица го доби дербито со Борец на Младост

Екипата на Беласица со 2:0 го доби големото дерби против Борец од Велес на „Младост“ во Струмица, во натпревар од 16. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Беласица до оваа победа дојде со погодоците на Горан Здравков и Марјан Ташев.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Струмичкиот клуб сега ја зголемува бодовната разлика во однос на второпласираната Брегалница на 5 бода, и во однос на третопласираниот Борец на 7 бода.

Брегалница со победата од 0:1 во Радовиш кај Плачковица е второпласирана и останува во игра за првото и второто место.

Беласица со оваа победа е чекор поблиску до Првата македонска фудбалска лига. Веќе во следното коло пред струмичани е нов предизвик, тоа е Брегалница. Со победа над штипјани, Беласица сигурно ќе чекори кон единственат цел, враќање во Прва лига.

Изненадување направи и Осогово, кој со 4:0 на домашен терен ја запиша третата сезонска победа против екипата на Победа од Валандово, и направи скок на табелата за едно место, па така сега клубот од Кочани е на осмото место со 11 бода, и останува во игра за седмата позиција.

 

Comments are closed.