СВР Струмица поднесе кривична пријава за две лица од Струмица и Радовиш за тешка кражба

Надворешнатa канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против С.А (22) , Џ.Д (23), Б.Б ( 19), Б.М (21) сите од Радовиш и К.Н (26) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека се сторители на повеќе кривични дела “тешка кражба“ и “кражба“. Односно С.А. се сомничи дека е сторител на пет кривични дела – „тешка кражба“ по чл.236 ст.5 од КЗ на РМ и едно кривично дело „кражба“, Џ.Д. за четири кривични дела „тешка кражба“ по чл.236 ст.5 од КЗ на РМ и едно кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 ст.1 од КЗ на РМ, Б.Б. се сомничи како сторител на две кривични дела и тоа едно кривично дело „тешка кражба“ по чл. 236 ст.1 од КЗ на РМ и едно кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 ст.5 од КЗ на РМ, Б.М. за едно кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 ст.1 од КЗ на РМ, а К.Н. како сторител на кривично дело “прикривање“ по чл.261 ст.2 од КЗ на РМ.

wpid-полиција-41-.jpg

Пријавените во периодот од 30.01. до 23.02. годинава, во различен временски период, најчесто меѓу 13,00 до 06,00 часот извршиле осум тешки кражби на подрачјето на ПС од ОН Радовиш. Кривичните дела биле извршувани од товарни возила (пет), од трактори (три) и една тешка кражба во подрумска просторија. Притоа тие одзеле тринаесет акумулатори, три платнени каиши, сајла, синџири, пар патики и една моторна пила. Кривичните дела ги извршувале на тој начин што од тракторите и товарните моторни возила со употреба на погоден предмет го отстранувале капакот на сандакот каде биле сместени акумулаторите, со клешти ги сечеле каблете, ги откачувале клемети  и ги одзимале акумулаторите, а моторната пила ја одзеле од подрумот на тој начин што со употреба на погоден предмет делувале на катанецот со кој била заклучена влезната врата на подрумот.

Comments are closed.