Напредок Радово домаќин на Дојранско Езеро

Екипата на Напредок од Радово во недела на домашен терен силите ќе ги одмери против екипата на Дојранско Езеро, во натпревар од 15. коло од Третата лига – Југоисток.

Napredok Radovo

Екипата од Радово е фаворит за победа, поради тоа што игра на домашен терен и пре својата публика, но и поради подобрата игра на Напредок, во однос на гостите од Дојран.

Напредок е трет на табелата со 25 бода, и во случај на победа, ќе има ист број бодови како и Василево, во случај да Василево загуби на гостувањето кај Тиверија.

Дојранско Езеро со евентуална победа ќе се искачи на петтото место и ќе ја намали бодовната разлика за да го „напаѓа“ четвртото место до крајот на сезоната.

Comments are closed.