Кривична пријава за тројца струмичани за 27 кражби

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против лицата: Ѓ.Д (22) од с.Куклиш, Д.Т (26) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека двајцата, заедно со кривично-пријавен седумнаесет годишен малолетник, во периодот од 30.12.2017 година до 21.02.2018 година, извршиле 27 кривични дела “тешка кражб“ и “тешка кражба во обид“ од куќи и деловни простори, како и две кривични дела “одземање моторно возило“, на подрачјето на Струмица и во село Куклиш. Исто така, а во врска со оваа криминална група, кривично пријавено е лицето В.А. (29) од с. Куклиш кое се сомничи дека сторило кривично дело – “прикривање“, на начин што од првопријавениот и малолетното лице откупувал различни предмети, иако требало да знае дека истите потекнуваат од извршени кривични дела.полиција

 

Имено, прво и второ пријавените и малолетното лице се познавале подолг временски  период. Во декември минатата година тие се договориле да направат криминална група за извршување на тешки кражби по куќи и деловни објекти. Малолетното лице при извршувањето на кривичните дела имал улога да внимава пред објектите, додека прво и второ пријавените имале задача насилно да ги отвараат влезните врати на објектите и да влегуваат во нив. Првопријавениот имал добро познавање  на браварскиот занает, што го искористил за насилно отварање на вратите.

Кривичните дела ги вршеле во временскиот период од 22.00 часот до 05.00 часот. Како превоз користеле такси возила од различни такси компании, а понекогаш го користеле и велосипедот на второпријавениот. Групата за извршување на тешките кражби избирала објекти со алуминиумски врати и прозорци. Вратите ги отварале со штрафцигер и насилно со кршење на стаклата од влезните врати.  Предмет на кражби биле: парични средства во различни апоени; лап-топ компјутери мобилни телефони, машки и женси часовници; разни предмети од домаќинството; патики; звучници; телевизори, метален алат; бор машини; брусалици и сл.

Од страна на СВР Струмица, по извршениот поголем број на кривични дела за кус период, беа превземени интензивни мерки за откривање на извршителите. на тешките кражби. Со наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на осомничените каде се пронајдени бројни предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кои со Потврда за привремено одземени предмети се одземени.

Comments are closed.

Capture