КК Струмица против Пелистер

Кошаркарите на Струмица во сабота ќе го одиграат натпреварот од 18. коло од Супер лигата против екипата на Пелистер.

КК Струмица се уште е на последното место на табелата со 19 освоени бодови, исто колку што има и Шкупи кој е место погоре. Пелистер со 21 бод е на 10-тото место на табелата.

kosarka

Во нивните официјални 11 натпревари, КК Струмица има забележано седум победи, додека Пелистер има 4 победи. На последниот натпревар одигра на 18 октомври минатата година, КК Струмица на гостински терен со 76:86 го победи Пелистер.

Во случај на победа, КК Струмица може да се искачи до 10-тото место на табелата.

Comments are closed.

POP