Вечерва ќе биде изведена претставата „Пат околу светот“ поддржана од општина Струмица

Вечерва со почеток во 19 часот во домот на АРМ ќе биде изведена претставата „Пат околу светот“ во режија на младата струмичанка Катерина Бенинова, а во која што учествуваат ученици од повеќе основни училишта во општина Струмица. Претставата е завршен настан во рамките на проектот Театарот како средство за будење на мечта и можност за креативна комуникација кај генерациите во развој „ТЕАТАРОТ ВО СВЕТОТ НА ДЕТЕТО“ на Здружението за култура и уметност СЦЕНА. 
Општина Струмица финансиски го поддржа овој проект препознавајќи го значењето на културата и учеството на младата популација во неа.28783041_1571880442865380_2882444468940701696_n

Comments are closed.

Capture