Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената

28827761_1570766202976804_8219481160678685731_oПочитувани сограѓанки,

Пред повеќе од еден век социјалдемократките Клара Цеткин и Роза Луксембург заедно со своите истомисленички, ја започнале борбата за правата на жената, кревајќи го својот глас против родовата нееднаквост и обесправеност на жената.

За жал, таа борба сеуште трае. Бидете дел од неа, за Вашите општествени, граѓански и социјални права.

Отсекогаш сум бил, сум и ќе останам на Ваша страна, затоа што Вие тоа го заслужувате.

Нека Ви е честит 8.Март – Меѓународниот ден на жената.

Comments are closed.

Capture